Кoга ќе пристигне Samsung Galaxy S20 Lite

Кoга ќе пристигне новиот Samsung Galaxy S20 Lite

Се очекува дека во наредните неколку месеци, Samsung ќе го претстави новиот Galaxy S20 Lite. Според некои тврдења, компанијата ќе лансира уште еден уред наречен Galaxy S20 Fan Edition.

Напредувањето на Huawei и покрај пролемите кои ги доживува со Google и извонредниот успех на Apple со iPhone 11,  Samsung го протера да направи нови чекори се со цел да го зачува делот во пазарот.

Претходно се зборуваше дека технолошкиот гигант со седиште во Јужна Кореја планира да претстави нов уред наречен Galaxy S20 Lite. Но сега има нови тврдења во врска со датумот на лансирање на уредот.

Се зборува дека Samsung ќе ја спроведе истата стратегија која ја спроведе и претходно со телефоните Galaxy S10 и Note 10 со лансирање на Lite верзија на истите. Според тврдењеата, во периодот август-октомври Samsung ќе започне серија на лансирање телефони каде еден од нив ќе биде уредот Galaxy S20 Lite.

Samsung Galaxy S20 Lite ќе биде модел помеѓу Galaxy Note 20 и Galaxy S10

Во август, Samsung ќе ја претстави новата серија Galaxy Note 20. Додека во септември ќе го претстави новиот преклопувачки телефон Galaxy Fold  2. Според информациите од медиумите на Јужна Кореја, веднаш по овие два уреди, во октомври ќе го претстават телефонот Samsung Galaxy S20 Lite.

Според извештајите, уредот сеуште е во фаза на развивање. Изворите изјавуваат дека уреодт во глобалниот пазар ќе дојде со моделски број SM-G780 додека во американскиот пазар ќе биде со моделски број SM-G781. Galaxy S20 Lite кој беше лансиран на почетокот од годинава, беше со моделски број SM-G770.

Уредот именуван Galaxy S20 Fan Edition ќе има три различни верзии. Додека SM-G780 ќе има 5G и 4G верзии , SM-G781 ќе има само 5G верзија .

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments