Kој актер ја одбил главната улога мислејќи дека филмот ќе биде промашување

„Пиратите од карибите“ е една од најуспешните во филмската индустрија, а од 2003 година и почетокот на снимањето, па се до денес секое ново продолжение предизвикува големо внимание кај јавноста.

„Пиратите од Карибите“ продолжува, а неодамна е објавено дека главната улога ќе ја има Марго Роби. Додека се уште се чекаат деталите од снимањето, ние ви претставуваме интересни нешта од снимањето на филмовите, кои можеби не сте ги знаеле.

Капетанот Џек Спароу, кој го игра актерот Џони Деп, во филмовите има златни заби, а тоа всушност е идеја на самиот актер. Додека го цитирал сценариото, тој замислил пират со златни заби, па веднаш отишол кај својот забар да провери колку време би било потребно да се вградат импланти. На продуцентите идејата им се допаднала, па направиле мали измени со цел се да помине без грешка.

За време на снимањето Деп имал и посебни контактни леќи во очите кои му служеле како очила за сонце. Тој ги користел со цел да не биде намуртен додека снимал завртен кон сонцето. Актерот за време на снимањето на продолжението „На чудни плими“ и сам инвестирал во сетот од филмот. Тој потрошил 60.000 долари со цел на целиот тим да му обезбеди водоотпорни јакни за да ги штитат од зимата и дождот. Во времето кога е снимен, тој филм бил најскап поради богатата продукција.

Буџетот достигнал 300 милиони долари, што е повеќе од сите три продолженија на „Господарот на прстените“.Деп имал и разни идеи кои од „Disney“ не биле прифатени. Тој сакал во филмот Спароу да нема нос и да има страв од необични работи како пиперки. Продукцијата го одбила тоа.Славниот актер за малку немало да ја добие таа улога, а конкуренција му била холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро. Де Ниро ја одбил улогата на Џек Спароу бидејќи заклучил дека филмовите нема добро да поминат и дека ќе бидат промашување. Сепак, неколку години подоцна истакнал дека не му е жал бидејќи неговиот помлад колега одлично се снашол во филмот.Џефри Раш бил уверен дека никој нема да го забележи на екранот додека бил во истите сцени со Кира Најтли. Поради тоа тој се сетил на еден трик. Постојано кажувал дека мора да биде од левата страна на екранот бидејќи заклучил дека луѓето гледаат како што читаат од лево на десно.Филмот „Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот“ е продолжение на првиот филм од франшизата, а за него повторно требало да се изгради сетот бидејќи оригиналниот сет бил уништен од невреме.

Тие соградиле два вистински брода кои ги користеле и во продолженијата, а филмот по објавувањето ги сруши рекордите на гледаност и застана рамо до рамо со „Титаник“ и „Господарот на прстените“. До денес има заработено милијарда долари.Филмот „Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот“ е продолжение на првиот филм од франшизата, а за него повторно требало да се изгради сетот бидејќи оригиналниот сет бил уништен од невреме. Тие соградиле два вистински брода кои ги користеле и во продолженијата, а филмот по објавувањето ги сруши рекордите на гледаност и застана рамо до рамо со „Титаник“ и „Господарот на прстените“. До денес има заработено милијарда долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments