Концепт возилото eBussy

eBussy е концепт на модуларно електрично возило

Модуларно електрично возило кое нуди избор од 10 различни видови на варијанти.

Концепт возилото е изработено од германската компанија Electric Brands и овозможува заменливи батерии со можност за возење до 600 километри.

Германскиот производител Electric Brands, кој е повеќе познат по нивното производство на скутери, излезе со концепт на целосно електрично возило какво што досега никој нема направено.

eBussy е името на возилото и истото може да се избере да биде пикап возило, камион со затворен простор, минибус, универзално возило, отворено, па дури и кампер.

Од компанијата истакнуваат дека ќе може да се избере помеѓу 10 варијанти, а исто така возилото ќе овозможува едноставно преместување на позицијата на воланот и контролите кои ќе може да се постават и во средина.

Иако се работи за концепт, од компанијата најавуваат дека eBussy треба да се најде на пазарот од идната година.

Се планира развој на мрежа на станици за полнење, а се размислува и можност за промена на батериите на станиците, со што се добива нов капацитет за возење, без потреба од чекање да се наполни батеријата.

eBussy ќе се продава со почетна цена од околу 18.000 долари, а зависно од батеријата и додатоците, цената ќе порасне до околу 33.000 долари, што мора да се каже дека со оглед на концептот, ова ќе биде прилично достапно возило.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments