Објавени цените на новите Intel 11th gen Rocket Lake процесори!
Корисниците на Samsung S8 и Note 8 се соочуваат со проблеми околу GPS следењето
Многу сопственици на Galaxy S8 и Galaxy Note 8 се соочуваат со проблеми околу GPS сигналот и ова се случувало во минатите неколку месеци. Според објавите на Reddit и насекате околу интернетот, може да се забележат незадоволни корисници на S8 и Note 8. Тие имаат проблем со навигациските апликации на нивните смартфони.
Имено проблемот се случува откако ќе започнете одредена рута на апликација како што е Google Maps и откако ќе тргнете GPSто не ја следи вашата позиција, односно сосема погрешно ја покажува. Овој проблем на корисниците траел со месеци. Samsung се уште нема ништо изјавено околу овој проблем.