Функција за гласовни и видео повици пристигна во десктоп верзиите на WhatsApp!
Квантниот компјутер на Google направи хемиско достигнување
Кога истражувачите во Google објавија дека тие достигнале „квантна супериорност“ – точка кадешто квантен компјутер извршува задачи кои се недостижни за обичниот компјутер – некој луѓе се запрашаа колку е големо тоа достигнување.

Сега, квантниот компјутер достигна нешто што може да се примени во реалниот свет: успешно симулирање на хемиска реакција. Ова открите може да помогне во хемискиот свет во иднина. “Ова ни покажува дека всушност овој уред е способен да се искористи за секоја задача што ќе му ја поставите“ – изјави истражувачот Ryan Babbush.