Lamborghini го претстави Essenza SCV12

Lamborghini официјално го претстави Essenza SCV12

Lamborghini Essenza SCV12 е дизајниран од страна на Centro Stile Lamborghini, а меѓу останатото има и аеродинамички пакет инспириран од тркачкиот Huracan GT3.

Аеро китот меѓу остантото опфаќа и поинаков преден спојлер, нова хауба, отвор за воздух на покривот и подесувачки заден спојлер направен од карбон.

Lamborghini Essenza SCV12 се напојува со 6,5-литарскиот V12 мотор, кој во овој случај испорачува 830 КС, а доаѓа во комбинација со нов шестстепен Xtrac секвенцијален менувач.

Од Lamborghini наведуваат дека односот сила-тежина изнесува 2 kg по 1 КС, што значи дека тежината на возилото е нешто над 1.600 килограми.

Идните купувачи ќе добијат можност да се најдат во ексклузивен камп каде што ќе добијат пристап до специјални Lamborghini програми почнувајќи од следната година.

Автомобилот ќе биде произведен во серија која ќе биде ограничена на само 40 примероци, додека цената во кратката вест на Lamborghini не се открива.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments