Лансирана европската ракета „Ariane 5“

По три одложувања конечно беше лансирана

Ракетата „Ariana 5“ денеска полета од Коуру во Француска Гвајана, носејќи три сателити за операторите „Интелсат“ и „Б-САТ“.

Полетувањето, првично закажано за 28 јули, за прв пат беше одложено со цел да се извршат дополнителни технички проверки, а потоа повторно заради невообичаено однесување на сондата во резервоарот со течен водород во главната криотехничка фаза.

Ова е прво лансирање на ,,ArianeSpace“ од затворањето на европскиот вселенски космодром, кое го прогласи Националниот центар за истражување на вселената (ЦНЕС) кон средината на март, поради Ковид-19.

Европското летало се одвои од земјата во 19.04 часот по локално време или во 00.04 часот спроед времето во Париз. Мисијата треба да трае околу 48 минути, од полетувањето до одвојувањето на сателитите.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *