Ги надминаа сите очекувања легендарните Џорданки
Патиките на ѕвездата на НБА, Мајкл Џордан, со автограм од неговата прва сезона во Чикаго Булс се продадени на интернет аукција за рекордни 560.000 долари, објави аукциската куќа “Sotheby’s”.

Се очекуваше дека патиките “Air Jordan 1”, дизајнирани во 1985 година за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ќе достигнат цена помеѓу 100 и 150.000 долари, но тие се продадени по цена од 560.000 долари.
Досегашниот рекорд за најскапо продадени патики го држеше моделот “Nike Moon Shoe” кој минатата година беше продаден за 437.500 долари.
“Air Jordan 1” е првиот модел кој “Nike” посебно го креираше за Џордан и кој играчот го носеше во текот на првата сезона во НБА, во дресот на Чикаго Булс.