Летен попуст на Steam за 2020 година

Традиционалниот летен попуст на Steam кој скоро секоја година го прави, ќе го има и оваа година. Објавени се датумите на попустите на Steam. Ајде сега да ги погледнеме тие датуми.

Како што сите знаеме, Steam секоја година на одредени датуми дава попусти. Најпознати од овие попусти се летните попусти. Уште едно нешто што веќе фирмата го остбарува е тоа што датумите однапред ги објавува.

Како што можеме да видиме, и оваа година летните попустите на Steam за 2020 година се веќе објавени. Доколку информациите се точни, попустите почнуваат за точно 1.5 месец.

Летните попусти на Steam за 2020 година почнуваат на 25 Јуни

Според објавата на Павел Дјундик на Твитер, датумите на попусти се одбележани како 25 Јуни – 9 Јули . Дјундик од SteamDB изјави дека датумите први ги откриле кинеските производители, а тој исто така ги потврдил.

Попустите од минатата 2019 година беа остварени помеѓу 25 Јуни и 9 Јули. Според тоа можеме да кажеме дека фирмата веќе сака да издвои свои годишни датуми за себе.

Летните Steam попусти се едни од големите Steam попусти во годината. Вторите големи попусти се зимните Steam попусти. Мораме да чекаме повеќе од еден месец за да ги видиме попустите.

Време е да ги подготвиме парите

Летните Steam попусти секогаш се сосема добри. Некои игри остануваат засекогаш на попуст. Понекогаш можеме да видиме и кратковремени но големи попусти нарелени „Flash Sale“. Исто така Steam прави и некои акции што им овозможува на играчите да добијат попуст иако ништо не купуваат. Минатата година беше остварена акцијата Grand Prix.

Според нашите мислења, како што се доближува месецот Јуни така повеќе можеме да дознаеме повеќе за плановите на Steam и фирмите за игри. Доколку сакате да бидете информирани за повеќе податоци околу попустите до тогаш, следете не.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments