LG претстави нов 4K гејминг монитор

LG претстави нов 4K IPS гејминг монитор

LG UltraGear 27GN950 мониторот ќе се најде во продажба од денес, а компанијата не ја објаво цената. На некои малопродажни сајтови е прикажан по цена од околу 950 долари.

LG може да се пофали со интересни гејминг монитори во рамките на својата UltraGear линија, а најновиот модел е 27GN950. Според наводите, во прашање е првиот 4K IPS монитор со 1ms gray-to-gray (GTG) одзив.

Кога е во прашање односот на страници, 27GN950 има прилично стандарден 16:9 однос. Покрај 4K (3840 x 2160p) резолуција, мониторот поддржува и освежување до 144Hz, како и споменатиот 1ms одзив. Мониторот има сертификат за AMD FreeSync Premium Prom, како и G-Sync Compatible.

Кога се во прашање боите, мониторот нуди поддршка за 98% DCI-P3 спектар, 10-битна длабочина на бои и вкупно 10,7 милијарди бои. Типичното осветлување изнесува 400 нита и нуди VESA DisplayHDR 600 сертификат. Од портовите се достапни HDMI и DisplayPort приклучоци.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments