Logitech објави безжични гејмниг слушалки

Logitech ги претстави G PRO X безжичните гејминг слушалки

Logitech објави уште еден најнов модел на гејминг слушалки. Овој пат тоа се Logitech G PRO X Wireless гејминг слушалки, заедно со “Lightspeed” безжичната технологија, која е дизајнирана и наменета за врвните e-sports играчи.

Pro X Lightspeed е нова верзија на популарните PRO X гејминг слушалки на Logitech. Оваа безжична верзија е опремена со 2.4GHz Lightspeed wireless.

Oвозможува над 20 часа работен век на батеријата и работи на далечина до 13 метри. Тука е и Blue VO!CE софтверот, кој дополнително го подобрува квалитетот на микрофонот.

Во перничињата се сместени PRO-G 50mm драјвери, а тука е и поддршката за DTS 7.1 сараунд звук. Logitech G PRO X Wireless Lightspeed гејминг слушалките ќе бидат достапни од август, по цена од 200 долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments