Македонска компанија разви технологија за добивање енергија од вода.

Енергетската иднина е во добивање енергија од вода. Златен фонд за обновлива енергија на планетата е водородот.

Енергијата добиена од вода, со раздвојување на водород и кислород по посебна технологија може да се искористи во секојдневието и индустријата од мали, до средни и големи проекти, тоа да биде ефтин и неисцрпен ресурс и притоа да не се загадува животната средина, сметаат од Металотехника Прилеп.

Енерегетската иднина на Македонија е во искористувањето на обновливите извори на енергија добиени од ветар, сонце, биомаси и вода. Потреба што особено се наметнува во услови на зголемена потрошувачка на енергија, на константно зголемување на цената на енергетските ресурси, посебно на цената на суровата нафта, и особено важно поради константното загадување на животната средина која е неповратен ресурс.

Станува збор за извори на т.н зелена енергија кои се добиваат со релативно ниска цена, не ја загадуваат околината, нема потреба од увоз и се високо ефективен извор. Ветерниците, хидро централите, како и енергија од биомаси се познати на македонската јавноста, но она што е новитет во светот, што во некои високо развиени земји е хит, е добивање на енергија од вода, односно со нејзиното раздвојување на водород и кислород. А токму македонската компанија Металотехника Прилеп  која оваа година слави 34 години од своето постоење, има создадено специјална технологија за раздвојување на водород и кислород, која може да се искористи на различни нивоа во секојдневието како и во индустријата од мали, до средни и големи проекти.

“Водата е материја во која најмногу се крие топлина, само е прашање на начинот и цената за одвојување на таа топлина. Водата гори, но за да даде топлина претходно треба да ги одвоиме водородот од кислородот. Благодарение на нашите повеќегодишни истражувања, како и анализа светските трендови за добивање енергија од обновливи извори, создадовме специјална технологија со која може да произведуваме ефтина, сигурна, а еколошка енергија, која при нејзино добивање ќе емитува 40 пати помалку штетни гасови од дозволените.   А резервите и ресурсите на вода во Македонија се огромни, и не треба да стравуваме дека овој ресурс ќе биде во недостиг во иднина”, смета Јандре Здравески Директор и еден од сопствениците на Металотехника Прилеп.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments