Mark Zuckerberg си ја одбра страната

Mark Zuckerberg си ја одбра страната

Марк Зукерберг кој е CEO на најголемата социјална платформа Facebook, потајно го критикуваше Twitter поради тоа што ставаше „етикета за контрола на вистина“ на твитовите на Доналд Трамп. Зукерберг кажа дека ниту една социјална платформа не треба да биде судија за вистина.

Марк Зукерберг изјави некои зачудувачки изјави за нервозата помеѓу Twitter и претседател на САД, ДОналд Трамп. Марк Зукерберг кој во интервју на телевизискиот канал Fox, изјави: „Цврсто верувам во тоа дека Facebook, не треба да биде судија за тоа што луѓе го пишуваат“.

CEO на Facebook Марк Зукерберг не гледа ништо лошо во изјавата на Доналд Трамп

Исто така Зукерберг кажа дека не е „Добар рефлекс“ да Трамп ги цензурира социјалните компании. Трамп го обвини Twitter за ограничување на слободата на изразување и мешање во изборите во САД поради тоа што стави етикети за верификација на информации под твитовите, велејќи дека тие ќе потпишат претседателска одлука на компаниите за социјални медиуми.

Претседателот на САД кој кажа „Социјалните мрежи или ќе ги средиме или ќе ги затвориме“ се гледа дека расправата која започна со „Верификација на информации“ отиде до многу подалеку. Понатака ќе видиме дали Трамп е сериозен во врска со средување на социјалните мрежи.

Трамп се закани со цензурирање на компаниите на социјалните мрежи

Од друга страна, CEO на Twitter Џек Дарзиј со денешните објави без да спомне име им одговори на Транп и Зукерберг. Дарзиј кој нагласи дека било каде низ целиот свет ќе продолжат да ги откриваат неточните информации во врска со избори, кажа „ Секако дека тоа не не прави судии на вистината. Целта ни е да ги споиме точките на спротивните информации и да ја откриеме вистината, така што луѓето ќе можат сами да си одлучат.“

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *