Драг трка помеѓу Tesla Model Y и Lamborghini Huracan! [ВИДЕО]
Mazda ја претстави тројкатa.
Јапонската автомобилска компанија треба да го претстави овој модел на 8 јули, но сепак се одлучија неколку дена порано да ја одржат првата презентација за овој автомобил и тоа во Мексико.
Новата моќна Mazda 3 под хаубата има 2,5-литарски Skyactiv-G Turbo мотор со 250 коњски сили и 420 Nm максимален вртежен момент. Силата на автомобилот се пренесува на сите 4 тркала.

Цената на овој модел во Мексико изнесува 22.000 долари, но сепак главниот пазар на кој ќе биде таргетирана новата Mazda 3 е пазарот во САД.Засега нема информации дали овој модел ќе се продава и во Европа.