Mercedes Benz T-Class

Mercedes T-Class ќе има нова семејна комби изведба

Mercedes-Benz Vans ќе го има новиот модел T-Class, кој ќе биде фамилијарно возило што ќе се базира на следната генерација на Mercedes Citan.

Во првата половина на 2022 би требало да се лансира потполно нов производ на Штутгартската ѕвезда. Наменета за семејства и луѓе кои своето слободно време го поминуваат активно а идниот модел би требало да им биде прв Mercedes што го купиле. Веќе е јасно дека тоа ќе биде компактно комбе.

Товарната и комбинираната верзија на градското комби ќе го задржи називот Citan, со кое паралелно ќе има изведба ограничена само за приватни корисници – T-Class.

„T“ кај новиот модел на Mercedes означува T-Model, т.е. комби што потекнува од Е-Class и C-Class, а ќе се нуди со обичен мотор и електрична верзија.

Daimler и Renault Nissan Mitsubishi имаат плодна соработка, кои сега спремаат нова генерација на Mercedes Citan и Renault Kangoo.

Ова не е ниту прв, а според се судејќи, уште помалку последен модел од оваа соработка.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments