Месечината ‘рѓосува поради Земјата

На Месечината се појавила рѓа

Имено, ‘рѓата на Месечината не би требало да биде можна бидејќи таму нема кислород, што е еден од двата основни фактори што ја предизвикуваат. Другиот е водата.

Индиското лунарно вселенско летало Чандрајан-1 кружел околу Месечината во 2008 година и собра податоци што до денес придонеле за многу откритија, вклучувајќи го и постоењето на молекули на вода на нејзината површина.

Сондата исто така била опремена со инструмент произведен од NASA со цел да се анализира минералниот состав на Месечината.

Истражувачите од NASA и Хавајскиот институт за геофизика и планетологија неодамна анализирале уште некои податоци и се изненадиле кога откриле траги од хематит, форма на железен оксид или ‘рѓа.

На Месечината има многу карпи богати со железо, но ‘рѓата се формира само кога железото е изложено на кислород и вода.

Не само што нема кислород на Месечината, туку е преплавен со водород, што стигнува таму од Сонцето носен од сончевиот ветер.

Рѓата се јавува кога кислородот ги отстранува електроните од железо, а водородот го прави токму спротивното, додавајќи електрони во него. Затоа, во области богати со водород, тешко се формира ‘рѓа.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *