Messenger нуди делење на екранот за видео повици

Messenger нуди делење на екранот за видео повици на Android и iOS

Делењето на екранот функционира во групните видео повици до осум луѓе и до 16 луѓе во Rooms, со оглед на тоа дека видео поврзувањето во Messenger може да се извршува директно и преку групи или преку Rooms.

Facebook додаде нова функција на својот Messenger, а во прашање е делење на екранот. Функцијата моментално им пристигнува на корисниците на Facebook Messenger на Android и iOS платформите, овозможувајќи им веднаш да го делат екранот со пријателите.

Преку функцијата на делење на екранот, корисникот може да им овозможи увид на другите во тоа што прави на екранот на смартфонот и на тој начин да ја сподели речиси целата содржина.

Facebook планира да го прошири делењето на екранот до 50 луѓе.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments