Microsoft Defender за Андроид

Објавен е Microsoft Defender за Андроид

Американскиот софтверски гигант Microsoft по долговремено чекање го објави антивирусниот софтвер Microsoft Defender како пробна верзија за Андроид. Во моментов апликацијата е достапна само за корисници на Microsoft 365, апликацијата ветува максимална заштита од кражба на податоци и малициозни софтвери.

Ви изминатиот месец феврурари, за прв пат дознавме дека светската најголема софверска компанија Microsoft, ќе развива антивирус за мобилни платформи покрај антивирус за лаптопи и компјутери. Во март 2019 година компанијата со седиште во САД го најави безбедносниот софтвер Microsoft Defender ATP кој беше развиен само за macOS.

Microsoft, од денес веќе го објави Microsoft Defender ATP и за Андроид уреди. Апликацијата која во моментов е достапна само за корисниците на Microsoft 365, се очекува во наредните неколку месеци да стане достапна за сите корисници. Тогаш што нуди Microsoft Defender ATP?

Во моментов Microsoft DefenderATP е достапен само за корисници на Microsoft 365

Како што сите знаеме, Андроид е многу немоќен за кражби на податоци и малициозни софтвери поради тоа што им нуди слобода на корисниците. Иако Google, секој месец остранува штетни апликации од Play Store, сепак не е можно целосно да се одбрани од малициозни софтвери. Microsoft Defender ATP нуди заштита токму од овие проблеми на Андроид.

Microsoft Defender ATP нуди разновидни безбедносни опции како што е откривање на кражби и малициозни софтвери. Доколку апликацијата предвиди некој малициозен софтвер, веднаш го огранилува пристапот до е-пошта и апликации како што се за банка се со цел да го намали оштетувањето на минимум. Така што можната кражба на податоци ја намалува на минимум.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments