Microsoft Flight Simulator официјално достапен 18ти август

Microsoft Flight Simulator официјално достапен од 18-ти август на PC

Microsoft Flight Simulator конечно ја добива својата најнова и модерна верзија. Истата ќе биде официјално достапна за корисниците на десктоп компјутерите од 18-ти август, а ќе дојде во три различни верзии кои ќе се разликуваат според бројот на авиони и аеродроми достапни во играта.

Прво што можете да забележите од видеото за најава на играта, ако веќе ги немате гледано видеата од тестирањето и развојот на играта до сега, е дека графиката е неверојатно добра и реалистична.

Деталите на земјата, авионите, внатрешноста и повеќе, е нешто што е максимално усовршено и направено со најновата достапна технологија за графика денес.

Microsoft Flight Simulator ќе биде достапна во три верзии, односно Standard Edition, Deluxe Edition и Premium Deluxe Edition по цена од 59.99 долари, 89.99 долари и 119.99 долари соодветно. Разликите ќе бидат во достапноста на авионите и аеродромите, а целосната листа на аеродроми и авиони е достапна на оваа страна од Microsoft.

Standard Edition ќе биде достапна и „бесплатно“ преку Xbox Game Pass for PC моментално во бета фаза, сервис за игри кој чини 6 долари месечно, кој за жал уште не е достапен во нашата земја.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments