Microsoft го прекинува Internet Explorer

Microsoft го прекинува Internet Explorer во 2021

Американскиот технолошки гигант Microsoft планира од 17 август 2021 година да ја укине поддршката за интернет пребарувачот Internet Explorer во сите аплиакции и сервиси во склоп на пакетот Microsoft 365.

Меѓу овие услуги се „Office 365“, „OneDrive“, „Outlook“ и други, но, како што е најавено од оваа компанија, од 30 ноември годинава ќе биде укината и поддршката за Internet Explorer за веб-апликацијата „Microsoft Teams“.

Од компанијата се надеваат дека на компаниите кои користат Internet Explorer ќе им биде полесно да ја прифатат оваа вест со интернет пребарувачот Microsoft Edge.

Новото издание на интернет пребарувачот на Microsoft, Edge, кој е базиран на софтверот „Chromium“ вклучува поддршка што треба да им олесни на компаниите да мигрираат од Internet Explorer се додека Microsoft не ја укине поддршката за Internet Explorer во склоп на оперативниот систем Windows 10.

Постарите изданија на Edge треба да останат без поддршка од 9 март наредната година, по што веќе нема да примаат безбедносни ажурирања.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments