Microsoft ќе го отстрани Flash Player во пребарувачите

Adobe потврди дека Flash Player ќе биде службено “пензиониран“

Internet Explorer и Edge од декември повеќе нема да добиваат безбедносни надградби, додека во верзијата Edge Chromium поддршката ќе биде блокирана од јануари следната година.

Како што добро знаете, Adobe потврди дека Flash Player ќе биде службено “пензиониран“ на 31 декември 2021 година.

Ова значи дека за него повеќе нема да се издаваат безбедносни заштити и други надградби. Покрај ова беше потврдено дека при префрлањето кон новиот стандард HTML5, Adobe ќе соработува со партнерите, меѓу кои е и компанијата Microsoft.

На блогот на Microsoft, програмската менаџерка Сучита Гопинат објави текст во којшто се појаснува начинот на којшто Microsoft  ќе го “убие“  Flash Player во своите апликации.

Сучита вели дека надградбата под име Update for Removal of Adobe Flash Player ќе може да се оствари преку функциите на Microsoft Update Catalog, Windows Update и WSUS, кои трајно ќе го отстранат Adobe Flash Player како компонентна од Windows OS уредите. 

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments