Microsoft ќе претстави 4K безжичен адаптер

Microsoft Wireless Display Adapter

Според наводите на инсајдерот Roland Quandt, Microsoft изгледа работи на нов адаптер кој ќе поддржува 4К резолуција.

Microsoft Wireless Display Adapter е адаптер за телевизор (или монитор) кој му овозможува безжични одлики и можност за поврзување со Windows компјутер.

Уредот ќе функционира слично како неговиот претходник, но со поддршка за повисоки резолуции. Ова ќе им биде од корист на оние кои имаат ТВ со поддршка за 4K.

Засега нема информации за тоа кога Microsoft Wireless Display Adapter со 4K поддршка ќе биде објавен, но Quandt истакнува дека може да се очекува наскоро.

Цената на адаптерот би требало да биде околу 70 долари што ќе биде поскап од првиот модел што е 50 долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments