Microsoft почна да го продава Surface Duo

Уредот ќе биде достапен на 10-ти септември

Од оваа недела корисниците во САД ќе можат официјално да го купат Surface Duo, односно да го нарачаат, по што ќе го добијат почнувајќи од 10-ти септември.

Цената како што се очекуваше е прилично висока и истата изнесува 1.399 долари.

Главната карактеристика на Surface Duo, за разлика од повеќето други Android уреди, како што сигурно веќе знаете, се двата екрани кој се споени еден до друг и му овозможуваат на уредот да се затвори како книга.

Surface Duo се користи како уред кој ќе ја подобри продуктивноста на корисниците поради тоа што ќе можат да ги користат своите апликации на две екрани, нешто што ќе им овозможи нов начин на работа.

Surface Duo доаѓа со две AMOLED екрани со големина од по 5,6 инчи и резолуција од 1.800 на 1.350 пиксели. Кога ќе се отворат двата екрани се добива „екран“ со големина од 8,1 инч и резолуција од 2.700 на 1.800 пиксели.

Уредот работи на ланскиот Snapdragon 855 и има 6GB RAM, како и избор од 128 и 256GB простор за податоци.

Surface Duo има само една камера која може да се користи како селфи камера и како главна. Таа е со 11 мегапиксели, па останува да видиме што ќе покажат тестирањата за нејзиниот квалитет.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments