Microsoft Surface Duo е поблиску до објава

Microsoft Surface Duo е се поблиску до објава

Според наводите на сајтот Droidlife, FCC ги тестираше двата екрана на Surface Duo уредите, заедно со шарка. Покрај ова, тестирана е и мрежната компатибилност.

Еден од тестовите го споменува и NFC, иако Windows Central известува дека малопродажните верзии на Surface Duo уредот нема да ја поддржуваат опцијата за плаќање.

Неодамна се појавија информации дека Microsoft би можел да го објави Surface Duo порано од што се очекуваше. Уредот е оригинално планиран за објава во текот на празничната сезона, но потоа пандемијата го одложи претставување на овој модел, како и Surface Neo уредот и Windows 10X оперативниот систем.

Сега Surface Duo е забележан на FCC, што укажува на тоа дека би можел да биде претставен во текот на следните недели.

Преклопниот смартфон на Microsoft би требало да користи Qualcomm Snapdragon 855 чипсет и 6GB RAM исто така и поголема количина на меморија но сеуште не се објавени официјални спецификации и карактеристики.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments