Mitsubishi полека го напушта европскиот пазар

Mitsubishi минатиот месец најави дека ќе го намали своето работење во Европа

Mitsubishi минатиот месец најави дека ќе го намали своето работење во Европа, фокусирајќи се на Југоисточна Азија и на домашниот пазар.

Сепак, никој не веруваше дека заминувањето од Стариот континент ќе се случи толку ненадејно и брзо.

Ќе се сложите, голема и радикална промена, затоа што таков потег веројатно никој не очекуваше.

Според AutoNews Europe, јапонскиот производител ќе престане со испорака на следниве модели:

Outlander PHEV (кој воедно е еден од најпродаваните plug-in хибриди во Европа), потоа ASX и конечно Eclipse Cross. Овие три SUV модели учествуваа со 64% ​​од продажбата на Mitsubishi во првата половина на оваа година.

Моделите Space Star/Mirage и L200 ќе останат во понуда до крајот на 2021 година. Сосема е јасно дека станува збор за вовед во целосен егзодус на овој бренд од Европа, затоа што е невозможно да преживее со споменатите автомобили во овој дел од светот.

Дилерите и увозниците на Mitsubishi веќе се побуниле против ваквите ненадејни одлуки на јапонската компанија, а факт е дека ќе мора да дадат големи попусти за да можат да ги продадат возилата што во моментот ги имаат на залиха.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments