Моментот кога се урна огромниот телескоп Аресибо (ВИДЕО)

Објавени се снимки од моментот кога вториот најголем радио телескоп на Земјата се сруши на почетокот од оваа недела.

Во вторникот во точно 7:54 часот по локално време 900 тони тешката платформа во Аресибо опсерваторијата падна од 140 метри височина и се сруши врз 300 метри широкиот диск под неа.

Телескопот беше втор најголем на планетава кој праќаше и детектираше радио бранови во и од вселената. Почетокот на падот почна уште во август кога дел од сајлите кои го држеа пукнаа, а минатиот месец следуваше уште еден таков инцидент.

Инженери со дронови ја испитувале состојбата во моментот кога телескопот се срушил. Барале начин како да ја санираат штетата, но сега веќе е доцна за тоа.

Во 1974 година Аресибо го испрати најсилниот радиобран од Земјата кон вселената со надеж да се добие повратен одговор од вонземски живот. Одговорот до ден денес не е дојден.

Опсерваторијата Аресибо е во сопственост на американската НСФ и се наоѓа во Порторико.

„Како што можете да видите, ова беше многу насилен и непредвидлив пад. НСФ нема да ја затвори опсерваторијата Аресибо. Сепак, сѐ уште е рано да зборуваме за некакви планови за обнова на уништеното“, вели Абел Мендес од Универзитетот Порторико.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments