Motorola Razr 5G со 18W fast charge

Motorola Razr 5G може да има поддршка за 18W брзо полнење

Најновите информации за уредот се однесуваат на јачината со која батеријата ќе може да се полни. Ова е откриено преку 3C сертификат за кинеската варијанта на телефонот, со ознака на модел XT2071-4.

Наследникот на Motorola Razr телефонот од 2019. година е потврден од официјален претставеник на компанијата во мај. Оттогаш се појавија различни гласини и информации за Motorola Razr 5G моделот.

Сертификацискиот листинг сугерира дека Motorola Razr 5G ќе се испорачува со 18W полнач. Само за поредба, Razr од првата генерација имаше 15W полнач. Претходните гласини споменуваа и дека смартфонот би можел да има 6,2-инчен дисплеј и систем со две камери.

Motorola Razr 5G би можел да има 48MP + 20MP камери. Се очекуваат поддршка за dual SIM слотови (Nano-SIM и eSIM), 256GB простор за складирање и Android 10. Уредот ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 765 чипсет и 8GB RAM.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments