Можете да гледате Story објави од Instagram на Facebook

Корисниците на Facebook можат да ги гледаат Story објавите од Instagram

Facebook веќе долго им допушта на корисниците своите Story од Instagram да ги објават директно и на Facebook, а сега ја тестира можноста за преглед на Instagram Story објавите преку апликацијата за Facebook.

Некои корисници на Facebook неодамна забележаа дека можат да ги гледаат Story објавите од Instagram директно преку апликацијата.

Разликата од изворот на објавите ќе биде бојата на кругот во која се наоѓа профилната фотографија. Facebook Story објавите имаат син круг околу фотографијата, а оние од Instagram се портокалови.

Од Facebook нагласија дека ништо не е променето кога станува збор за приватноста, бидејќи само вашите следбеници од Instagram кои го поврзале Facebook профилот и оние кои веќе ги гледаат вашите Story објави на Instagram, истите можат да ги видат и на Facebook.

Покрај тоа, мораат и да ја изберат опцијата што тоа ќе им го овозможи.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments