Mozilla објави свој VPN

Mozilla VPN достапен за Windows, iOS и Android

Mozilla VPN (претходно познат и како Firefox Private Network) чини 4,99 долари месечно, а имплементира две главни предности во однос на конкуренцијата. Се истакнува дека вкупното сурфање и пребарување на интернет ќе биде побрзо благодарение на оптимизираниот код.

Исто така, Mozilla истакнува дека ги собира само апсолутно неопходните кориснички податоци за да функционира сервисот, но не го чува логирањето, ниту ги продава корисничките податоци.

По краткиот период на тестирање, Moziila го објави својот VPN сервис во шест земји (САД, Велика Британија, Канада, Нов Зеланд, Сингапур, Малезија). Апликацијата е достапна за Android, iOS и Windows, додека Mac и Linux поддршка пристигнува наскоро.

Во подготовка е и VPN сервис за Firefox браузерот, а компанијата ќе наплатува 2,99 долари за неограничено пребарување.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments