MSI го претстави гејминг мониторот Optix

Optix закривен монитор од 27 инчи

MSI го претстави Optix MAG271VCR – закривен гејминг монитор од 27 инчи. Мониторот имплементира нов дизајн, со ARGB LED дифузери зад мониторот, во X формат.

Optix MAG271VCR  користи VA панел со закривеност од 1800R, има агли на гледање од 178 степени и 16:9 однос на страници. Резолуцијата на мониторот е Full HD (1920 x 1080p), има 165Hz стапка на освежување, 1ms (MPRT) одзив.

Тука е и поддршката за VESA Adaptive Sync, ниска стапка на треперење и ниско сино осветлување.

Од приклучоците, мониторите поседува DisplayPort 1.2a и HDMI 2.0, а тука е и 2-port USB 2.0 хаб, како и приклучок за слушалки.

Сеуште не е објавена цената од страна на MSI, бидете во тек ќе ве известиме кога ќе го дознаеме датумот на објава и цената.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments