MSI објави лаптопи со Ryzen 7 процесори

MSI објави освежени модели од својата Alpha серија

MSI објави освежени модели од својата Alpha серија лаптопи која е позната по тоа што имплементира и процесори и графички картички од компанијата AMD.

Најновите лаптопи користат AMD Ryzen 7 4800H процесор и Radeon RX 5600M GPU, а пристигнуваат во варијанти од 15 и 17 инчи.

Двете варијанти имаат слични спецификации. Дисплеите, иако со различни големини, нудат 1080p резолуција, 144Hz освежување на екранот и ја поддржуваат AMD FreeSync Premium технологијата.

За звукот се задолжени два 2W звучника, кои обезбедуваат стерео звук и поддршка за Hi-Res Audio.

Опциите на RAM одат до 64GB DDR4-3200, додека за складирање на податоци присутен е M.2 слот за SSD уреди. 

MSI не ја објави цената и достапноста на освежената серија Alpha лаптопи во Европа, иако Alpha 15 е веќе достапен во САД по почетна цена од 1299 долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments