Најдобрите перформанси на Chadwick Boseman

Најдобрите перформанси на Chadwick Boseman

Во чест на починатиот актер Chadwick Boseman ви ги претставуваме неговите најдобри перформанси:

21 Bridges (Andre Davis)

Boseman го толкува Andre Davis во оваа полициска драма за полицаецот кој го затвора целиот Менхетен со цел да спречи 2ца криминалци. Boseman покажа дека може да глуми „лошо момче“ со меко срце во овој филм.

Get On Up (James Brown)

James Brown беше многу комплициран човек, но Chadwick успеа да ни го долови во филмот Get On Up. Освен што го глумеше неговиот лик, тој се обиде дури и да танцува и да пее како него. Boseman успеа маестрално да го одглуми „Кумот на Соул музиката“, што не е мала работа.

42 (Jackie Robinson)

Во 42 Boseman го глуми Jackie, првиот црнец што некогаш заиграл во големата лига на бејзболот. Тука ги открива потешкотиите со кој афро-американците се справувале во тоа време.

Message From The King (Jacob King)

Chadwick тука ја толкува улогата на  Jacob King во трилерот на Netflix. Jacob се обидува да ја освети својата сестра, што најверојатно ова претставува „најладната“ улога што Boseman некогаш ја толкувал.

Captain America: Civil War (T’Challa/Black Panther)

И секако, ова останува како едно од најголемите наследства на Chadwick. Civil War е првиот филм во кој го запознавме моќниот T’Challa. Како што потенцира насловот, многубројните ликови од Марвел Универзумот се борат меѓу себе.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments