Најефтиниот McLaren за само 415 евра

McLaren го претстави својот електричен Senna модел

Цената од 415 евра го прави најприфатливиот производ на Mclaren по чаша за кафе и сендвичи од продавницата во Вокинг.

Автомобилчето е дизајнирано за деца на возраст помеѓу 3 и 6 години, што секако не е пречка во него да позира еден врвен F1 возач како Ландо Норис.

Станува збор за детска верзија на суперавтомобилот со истото име. Електричното возило има работни светла, зелени „дискови за сопирање“ и звучен систем што наликува на вистински автомобил.

На возилото може да се избере помеѓу неколку звуци од аудио системот – еден е на вистинскиот V8 мотор во Senna, но инженерите имаат обезбедено и USB приклучок.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments