Најголемата кинеска компанија за повикување на превоз претстави електрично возило специјално наменето за овој вид на превоз.

D1 е изработено и заеднички развиено со кинескиот производител на електрични автомобили BYD.

Кинеската компанија Didi Chuxing, која може да се нарече просто, кинескиот Uber, во соработка со BYD, исто така кинеска компанија, го претставија електричното возило D1. Ова возило е специјално развиено за бизнисот на Didi, односно за сервисите кои нудат нарачка на превоз преку апликација.

Со ова, од компанијата ќе можат да го зголемат бројот на возачи кои возат електрични возила, кои досега им без продавани во соработка со некои од светски познатите брендови. Големината на компанијата, односно бројот на возачи и поминати километри, дефинитивно прави разлика доколку во поголем дел се прави преку еколошки, целосно електрични возила.

D1 може да помине околу 400 километри на едно полнење, а тоа дека е развиен специјално за превоз на патници може да се види од дизајнот и достапната опрема.

Вратите се отвораат странично, што значи дека овозможуваат полесно влегување на патниците, а исто така овозможуваат да нема ситуации каде по грешка му се пресекува патот на некој велосипедист, на пример, во големите градови.

На задната страна, на потпирачите, се поставени две екрани на допир, кои патниците ќе може да ги користат, а и седиштето на возачот е посебно направено за повеќе часови поминати во автомобилот.

Со оглед на големината на Кина, односно нејзиното влијание во светското загадување, ваквите одлуки на компаниите ќе направи разлика на светско ниво. Поголемите брендови во светот веќе одат во правец на претставување на електрични автомобили кои до половината на овој век може ад се очекува дека ќе бидат главниот вид на превоз.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments