Најголемиот дрон во светот тежи 25 тони и има распон на крилја како МиГ-29 и Ф-16 заедно.

Најголемиот дрон во светот тежи 25 тони! Беспилотното летало, наречено Равн Х, има распон на крилја од 18,2 и должина од 24,3 метри, а е високо 5,4 метри.

И тие димензии се многу поголеми од димензиите на стандардниот воен авион ловец-бомбардер. Во пропорции, еден MiG-29 има распон на крилјата од 11,4 и должина од 17,3 метри, додека F-16 е за два метри пократок и има 1,5 помал опсег.

Сепак, за разлика од другите овој дрон нема борбена цел. Вселенското летало е наменето да носи ракети кои по лансирањето носат мали сателити во орбитата на Земјата.

Тој е првиот на кој не му треба лансирна рампа за лансирање ракети во орбитата и е способен да испраќа по еден сателит во вселената на секои три часа.

Х-авионот наликува на авион и лета како авион, што ќе ги намали трошоците за лансирање сателити, бидејќи овој дрон користи стандардни аеродроми, па затоа не е потребна скапа инфраструктура и опрема за лансирање ракети и стателити.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments