Најнова верзија на Gorilla Glass наречена Victus

Corning ја претстави најновата верзија од Gorilla Glass наречена Victus

Производителот на најпознатото стакло кај мобилните уреди, Corning, ја претстави седмата верзија од нивниот производ, Gorilla Glass Victus.

Се очекува до крајот на годината производителите на мобилни веќе да почнат да го користат Gorilla Glass Victus во нивните телефони и таблет компјутери, а меѓу првите кои се најавува е Samsung.

Gorilla Glass Victus доаѓа со подобрување на издржливоста при пад, како и отпорноста од гребење. Така, стаклото сега може да издржи пад и до 2 метри, што е зголемување од 1,6-те метри на Gorilla Glass 6.

Овие карактеристики се од тест услови и не може да се земат 100% точни кај готовиот производ и имплементација на стаклото од страна на производители на мобилни.

Покрај тоа, од Gorilla Glass Victus доаѓа со подобра отпорност од гребаници кои најчесто се случуваат од чување на мобилниот во ташна или џебот, каде има клучеви, метални пари и слично. Според Corning и овој дел од Gorilla Glass треба да им значително подобрување во споредба со претходната генерација.

Се истакнува тврдењето на Corning за тоа колку се тие напред во споредба со конкуренцијата, а тоа може да се забележи и од тоа колку е „позната“ нивната конкуренција и колку телефони ја користат.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments