NASA ќе го проучува космосот со балон

NASA ќе го проучува космосот со балон голем колку стадион

Балонот е наречен ASTHROS (Astrophysics Stratospheric Telescope for High Spectral Resolution Observations at Submillimeter-wavelengths) и околу три недели ќе биде туркан наоколу од воздушните струи.

НАСА почна нова мисија во која 2,5-метарски телескоп со балон ќе биде испратен високо во стратосферата. Агенцијата сака лансирањето да биде во декември 2023 година од Антарктикот.

Ќе се набљудува далечното инфрацрвено зрачење, односно светлина со бранова должина многу подолга од она што е видлива за човечкото око. За да го постигне тоа, ASTHROS ќе треба да достигне висина од околу 40 километри.

Балоните на НАСА ѝ нудат многу предности. Всушност, програмата на НАСА со балони постои околу 30 години и е прилично активна, а се лансираат 10 до 15 мисии годишно. Тоа е така затоа што мисиите со балони се поевтини и периодот меѓу планирањето и распоредувањето е пократок.

-Балонските мисии како ASTHROS се поризични од вселенските мисии, но даваат големи резултати по скромна цена. Со ASTHROS имаме цел да направиме астрофизички опсервации кои никогаш порано не биле испробани – истакнува Хозе Сајлс, проект-менаџер за ASTHROS.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *