Наскоро ќе можеме да АНАЛИЗИРАМЕ УРИНА со помош на нашиот телефон (ВИДЕО)

Velieve и ACR се во центарот на вниманието на јавноста, особено во Америка и Велика Британија.

Во време на глобална пандемија и строги мерки на изолација, одењето на лекар може да биде стресно. Проблемот е препознаен низ целиот свет, па така во прв план се појавија проекти кои им го олеснуваат животот на граѓаните.

Така, израелската компанија понуди решение за домашно испитување на урина, како и за рано откривање на болести на бубрезите.

Лесно за користење

Нивните проекти Velieve и ACR го привлекоа вниманието на јавноста, особено во САД и Велика Британија, и вклучуваат комбинација на комплети за анализа, телефони и мобилни апликации.

Доколку е потребно, додатоците се нарачуваат преку Интернет, од удобноста на домот, и содржат контејнер за примерок, нумеричка вага и (пластично) стапче за тестирање.

Употребата е многу едноставна и прилагодена за сите возрасти, пренесува Daily Mail.

Резултатите пристигнуваат брзо

Добиените резултати се скенираат по телефон и се испраќаат преку Интернет, додека одговорот пристигнува во рок од триесет минути.

Анализата е доверена на програмата за вештачка интелигенција (AI), а проектот е одобрен од американската Администрација за храна и лекови (FDA) и има европско SE обележување.

Како работи системот и кои се неговите предности, ќе дознаете на следните видеа:

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments