Наскоро може да пристигне поевтин модел од серијата Galaxy S21! Galaxy S21 4G!

Samsung досега има издадено само 5G варијанти на своите нови телефони од серијата Galaxy S21, но се чини дека е во фаза и на поевтин модел.

Холандската страница Galaxy Club ја забележа LTE верзијата на стандардниот модел Galaxy S21 во базата на податоци Bluetooth SIG. Телефонот ја носи ознаката на моделот SM-G990F.

Galaxy S21 моделот, кој има само 4G поддршка, во голема мера ќе ги задржи истите спецификации како и стандардниот 5G модел. Тоа значи дека ќе има 6,2-инчен дисплеј од 120Hz, три камери на задната страна (главен 12MP, зум од 64MP и ултра-широк 12MP), како и батерија од 4000mAh. Чиповите Qualcomm Snapdragon 888 и Samsung Exynos 2100, кои работат на телефоните, имаат вградени 5G модеми. Не е јасно кој чип ќе го користи моделот 4G.

Почетната цена за 5G верзијата на телефонот е 799 долари, но скоро е сигурно дека моделот LTE ќе биде барем малку поевтин.

Се очекува телефонот да не е наменет за Европа и американскиот пазар, па затоа најверојатно 4G Galaxy S21 ќе биде наменет за пазари каде мрежата 5G сè уште не е достапна.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments