Научете ги роверите да ја проучуваат планетата Марс

Научете ги роверите да ја проучуваат планетата Марс со новата алатка на NASA

Оние кои имаат слободно време на претек, би можеле да пробаат да ги научат роверите (возилата кои се на планетата Марс), како правилно да го класифицираат теренот на црвената планета.

AI4Mars е најновата алатка на NASA со која кој било може да помогне подобро да се идентификуваат и означат најразличните предели на Марс. Со ова, научниците се надеваат дека возилата ќе можат подобро да избегнуваат најразлични опасности кои се наметнуваат со движење низ предизвикувачки предели.

Пред да започнете да ги учите роверите, потребно е првин да одгледате неколку видеа кои правилно ќе ве вас научат како да ги идентификувате најразличните матаријали од кои е составена планетата. Потоа, гледате слики кои се сликани од роверот Curiosity и цртате полигони околу најразлични површини.

Звучи како да нема да има кој знае каков ефект, но никогаш не се знае како ваквиот доприност би можел да помогне во понатамошно истражување на црвената планета.

Еве ја страната на која може да се најавите и да почнете со тестирање на ровери AI4Mars

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *