Не биле воодушевени од овие улоги

Актерството е забавна професија, постојано се влегуваш во друг лик, а на сите ни делува дека многу голем број од актерите се забавуваат на својата работа. Но, не секогаш. Некогаш се соочени со улоги кои не им се баш драги. Овие актери открија дека воопшто не биле фанови на ликовите кои ги глумеле:

 Џејми Дорнан – Кристијан Греј***Уште откако го глумел Кристијан Греј во првото продолжение на „50 нијанси на сиво“, Џејми бил прилично гласен во врска со своето незадволство од ликот кој го глуми. Не му се допаѓа Кристијан, бидејќи не може да поднесе такви ликови и дека тоа не е некој со кој некогаш би сакал да биде другар. „Сите мои пријатели се едноставни и сакаат да се смеат – не можам да се замислам себе како седам во паб со него (Кристијан). Мислам дека тој не би бил мој тип при изборот на пријател“ – изјави Џејми.

Роберт Патинсон – Едвард Кален***Роберт изглед повеќе не е толку голем фан на вампирот кој го глумеше во „Самрак“. „Тој е најапсурдната личност… колку повеќе го читав сценариото, толку повеќе го мразев ликот“ – откри во една прилика.

Шиа ЛаБоуф – Мут Вилијамс***Шиа не бил обожавател на ликот кој го глуми во филмот „Indiana Jones“, но вели дека тоа била негова грешка. Имал чувство дека не се потрудил доволно и дека го оживеал доволно добро ликот кој го глумел.

Ченинг Татум – Дјук***Уште еден шок е дека Ченинг Татум си ја мрази улогата во филмот „G. I. Joe“, каде го глуми ликот под име Дјук. Искрено признава дека го мрази тој филм и дека бил натеран да ја земе улогата, иако веднаш видел дека сценариото не било воопшто добро.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments