Нема да се продолжи рокот за продажба на TikTok

Доналд Трамп со нова изјава

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека 15 септември останува крајниот рок до кога TikTok мора да го продаде својот бизнис во САД на американска компанија или во спротивно ќе биде забранета.

„Ќе видиме што ќе се случи. Или ќе продадат или ќе бидат затворени“, рече Трамп, додавајќи дека нема намера да го продолжи рокот до 20 септември.

Објавата на Трамп следеше по извештаите во медиумите дека кинескиот сопственик на TikTok, компанијата ByteDance, сака да ја избегне продажбата.

Претходно овој месец, Белата куќа му даде на ByteDance рок од 45 дена да го продаде бизнисот на TikTok на купувач во САД, со објаснување дека популарната апликација претставува закана за приватноста на личните податоци на корисниците и националната безбедност.

TikTok беше преземена 315 милиони пати во првите три месеци оваа година, повеќе од која било друга апликација во историјата.

Доколку преговорите успеат, најверојатен купувач ќе биде Microsoft, кој е многу заинтересиран за апликацијата, која е исклучително популарна во САД и другите западни земји.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *