Netflix ги откажува претплатите на неактивните корисници

Netflix ги откажува претплатите на неактивните корисници

Има многу корисници кои се претплатени на платформата за серии и филмови, Netflix, но не ги користат истите можности. Затоа Netflix, одлучи да ги откаже претплатите на таквите корисници се со цел да го спречи неактивното користење на платформата.

Милиони корисници низ целиот свет се претплатени на една од најголемите платформи за серии и филмови. Има многу корисници кои се претплатени, кои всушност дале пари за да ги користат можностите кои ги нуди Netflix, но не ги користат. Поради таквите корисници, Netflix одлучи да ја воведе оваа санкција.

Денес Netflix, направи нешто што ги зачуди милиони луѓе. Корисниците кои во рок од една година не искористиле ниту еден филм или серија, ќе се соочуваат со прашањето „Дали сакате да продолжите?“ Доколку не одговорите на ова прашање, вашата претплата ќе биде откажена. Благодарениа на тоа, неактивните корисници нема да си ги трошат парите на празно.

Бројот на неактивните корисници не е многу голем:

Netflix изјави дека овие корисници наречени „Зомби корисници“ не го создаваат ниту 1% од вкупниот број на корисниците. Со овој чекор, Netflix ни укажува дека финансиски нема потреба од вакви корисници и сака корисниците целосно да си ги искористуваат своите права.

Netflix во својата изјава се изрази вака: „Го знаете лошото чувство кога се зачленувате некаде и не ги искористувате можностите. Луѓе кои уплатуваат за нешто што не го корисатат се нешто што последно го посакува Netflix.“

Корисниците кои ќе се вратат во рок од 10 месеци, ќе си продолжат најнормално

Компанијата исто така приложува леснотии на корисниците кои ја продолжуваат претплатата откако ќе им истече. Доколку корисниците се вратат во рок од 10 месеци, лесно ќе можат да ги прегледаат нивните омилени серии, профил и избраниот тип на серии и филмови. Накратко, ќе можат да продолжат најнормално со новната претплата.

Eddy Wu, кој работа на оваа тема за Netflix кој има повеќе од 182 милиони корисници рече:„ Со оваа нова одлука, сакаме да ги научиме луѓето подобро да ги трошат парите кои навистине тешко се заработуваат“.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments