Netflix ќе снима продолжение за еден од неговите најпознати филмови
Продолжение на филмот Spenser Confidential е во продукција, еден од најпознатите филмови на Netflix на сите времиња. Во него глумат Mark Wahlberg и режиран од страна на Peter Berg. Овој филм спаѓа во жанрот комедија/акција и неговиот прв дел бил прегледан дури 85 милиони пати во првиот месец од неговото објавување.
Новостите за продолжението на филмот беше потврдено од Berg, кој спомна дека скриптата е веќе во подготовка за Spenser Confidential 2. Режисерот претпоставува дека снимањето на филмот ќе заврши на крајот на 2021 или на почетокот на 2022. Netflix спрема продолженија на неколку негови филмови како на пример: The Kissing Booth, To All The Bous I’ve Loved Before и филмот во кој глуми Chris Hemsworth – Extraction.