Netflix работи на сопствена компјутерска игра!

Netflix го ангажираше Мајк Верду за развој на видео игра.

Netflix, наводно, бара да се вклучи во бизнисот со развој на видео игри и ангажирал поранешен директор на Electronic Arts и Facebook за водење на овој потфат. Овој потег доаѓа неколку месеци откако дознавме дека стриминг платформата има намера да воведе гејмерски сервис сличен на Apple Arcade во 2022 година.

Netflix го ангажираше Мајк Верду да го води претстојниот потфат на видео игри на компанијата, се вели во извештајот на Блумберг. Netflix за Блумберг изјави дека Верду ќе поднесе извештај до главниот оперативен директор на компанијата, Грег Питерс. Пред да се приклучи на Netflix, Верду работеше во Electronic Arts, Zynga, Atari и Facebook. Верду ја извршуваше функцијата потпретседател на Facebook за работа со програмери за донесување игри и друга содржина до слушалките на Oculus.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments