Netflix со нови поевтини пакети

Netflix Mobile+ план

Нетфликс претставија Mobile+ план за оние претплатници кои сакаат стриминг во HD квалитет, но користат Нетфликс само на мобилен телефон, таблет или компјутер.

Овој пакет, како што кажува самото име, им овозможува на корисниците да пристапат на Netflix само преку мобилен телефон, а квалитетот на стримингот се спушта на 480p.

Цената на овој месечен пакет е околу 4 евра. Тестирањето на новиот претплатнички пакет доаѓа неколку месеци откако Netflix во Индија го претстави планот само за мобилни уреди, чија цена е 2,3 евра.

Сè уште нема официјална најава дека сличен пакет ќе дојде и во Македонија, но тоа можеби и не би било лошо решение, со оглед дека многу корисници користат Netflix на лап топ или мобилен телефон. 

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments