Nokia ќе објави нови телефони следната недела

Nokia планира објава на нови телефони

Според неофицијални информации, се очекува дека ќе го видиме Nokia TA-1258 модел, кој неодамна доби TENAA сертификат.

Во прашање е достапен модел со 5,99-инчен HD+ екран, една 8MP задна камера и 3000mAh батерија. Го покренува Unisoc SC9863 чипсет, во комбинација со 3GB RAM и 32GB простор за складирање.

Неодамна се појавија информации дека HMD Global планира да претстави неколку нови телефони од средниот и долниот сегмент на пазарот, во текот на IFA саемот во Берлин.

Сега компанијата навести уште еден настан, во рамките на кој ќе претстави нови телефони и ќе се одржи на 4ти август во Кина.

Останува да се види уште кои Nokia телефони ќе бидат претставени во текот на настанот.

Компанијата се уште не ги објави долгоочекуваните Nokia 9.3 PureView и Nokia 8.3 модели, кои се одложени веќе два пати досега.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments