Чарлс Гешке, коосновач на Adobe, почина на 81-годишна возраст!
Современите верзии на Nokia 6300 и 8000 ќе бидат 4G LTE телефони, кои можат да бидат претставени за неколку недели.
Судејќи според гласините кои доаѓаат од околината на HMD Global, планот е да се „вратат во живот“ уште два класични телефони на Nokia.
Како што беше претходно направено со легендарните модели 3310 и 8110, Nokia се чини подготвува модерна верзија на моделот 6300, препознатлива по куќиштето од не’рѓосувачки челик, кое некогаш беше популарно меѓу деловните луѓе.
Вториот телефон не е директно ажурирана копија, туку треба да биде инспириран од поранешната серија телефони на Nokia 8000, позната по лизгачкото „капаче“ на тастатурите и исклучително високиот квалитет на изработка, потсетува GSM Arena.
Така, моделот 8910i имаше титаниумско тело, 8800 Gold Arte беше „премачкан“ со 18-каратно позлата, додека моделот Sapphire Arte имаше сафир вграден во џојстикот Д-подлога.
Сè уште не е познато дали новите телефони ќе користат оперативен систем KaiOS, како што е случајот со сегашните модели 8110, 2720 Flip и 800 Tough.
Познато е само дека новите модели на Nokia 6300 и 8000 ќе користат 4G LTE технологија, и дека тие би можеле да бидат претставени за неколку недели.