Објавени цените на новите Intel 11th gen Rocket Lake процесори!
Apple подготвува 10.8-инчен iPad и 8,5-инчен iPad Mini
Во својот аналитички извештај, до кој дојде сајтот Macrumors, Куо истакнува дека Apple планира објава на нов 10,8-инчен iPad во текот на втората половина на 2020. година, по што во првата половина на 2021.
Се очекува нов 8,5-инчен iPad Mini. Истите детали беа споменати во мај, со тоа што тогаш не беше позната големината на екранот на iPad Mini моделот.

Во текот на мај се појавија информации за тоа дека Apple подготвува нов 10,8-инчен iPad, кој би требало да се појави во текот на втората половина од 2020 година.
Информациите потекнаа од реномираниот аналитичар Минг-Чи Куо, кој сега повторно ги потврдува плановите на компанијата Apple. Тој открива дека Apple работи на нови iPad модели за оваа и следната година.
Извештајот не споменува конкретно дали новиот 10,8-инчен iPad модел ќе биде верзија на постоечкиот 10,2-инчен iPad или 10,5-инчниот iPad Air. Кога е во прашање iPad Mini, овој модел последен пат е освежен во март 2019. година, и се уште поседува екран од 7,9 инчи.