Нов трејлер за Assassin’s Creed: Valhalla

Објавен е нов трејлер за Assassin’s Creed: Valhalla

На Ubisoft Forward настанот беше посветено доста внимание на најновото издание на франшизата Assassins Creed со новата игра Assassins Creed Valhalla.

На настанот беше објавен и трејлерот кој е посветен на главниот лик во играта Eivor.

Трејлерот открива повеќе детали за ликот со кој ќе се впуштиме во нови авантури, дознаваме за судбината која го приморала да ја напушти Норвешкa.

Главниот протагонист доаѓа во два облици, односно ќе постои машка и женска верзија, а интересно е тоа што полот ќе може да се менува во било кој дел од играњето.

Assassin’s Creed: Valhalla пристигнува на 17-ти ноември и ќе може да се игра на PC, PS4, Xbox One и новите конзоли што ќе излезат подоцна во годината Playstation 5 и Xbox Series X.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments